ФОТО | Победникот на Евровизија конечно ја покажа свршеницата: Објави експлицитна фотографија

Фото: Инстаграм

Контроверзниот фронтмен на италијанскиот бенд „Манескин“, Дамиано Давид ги изненади сите кога по долго време објави фотографија со својата свршеница.

Овој Италијанец привлече големо внимание по победата на минатогодишната Евровизија и стана миленик на жените ширум светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Damiano David/Måneskin (@ykaaar)


Меѓутоа, Дамиано вешто го чува приватниот живот, но податокот дека има девојка веќе четири години исплива во јавноста, што изненади многумина, со оглед на тоа што само една нивна заедничка фотографија може да се најде на социјалната мрежа Инстаграм и дека досега многу ретко се појавил во јавноста со неа.

Сепак, Дамиано сега докажа дека е во среќна врска со манекенката и инфлуенсерка Џорџа Солери, кога одлучи да објави фотографија на која се бакнуваат. Во негов стил, фотографијата е малку експлицитна, бидејќи на неа Давид и Џорџа се бакнуваат со јазици.

Сексапилниот пејач во описот напиша:

„Но, со тебе е се поинтересно.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Damiano David/Måneskin (@ykaaar)

Џорџија еднаш изјави дека е феминистка и бисексуалка, а на социјалните мрежи често зборува за болеста вулводинија, од која и самата боледува.

– Сексуално сум флуидна, што значи дека подеднакво ме привлекуваат и мажи и жени – изјавила претходно и со тие зборови крена прашина во јавноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Giorgia Soleri (@giorgiasoleri_)

ФОТО | Дамиано сака да ги бакнува момците од бендот, а неговата девојка ја привлекуваат и жени: Џорџа Солери искрено за својата сексуалност

ФОТО | Дамиано Давид ги полуде обожавателите: Италијанецот како од мајка роден

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот