ФОТО | Дамиано сака да ги бакнува момците од бендот, а неговата девојка ја привлекуваат и жени: Џорџа Солери искрено за својата сексуалност
Девојката на евровизискиот победник Дамианo Давид (22), славнaтa инфлуенсеркa Џорџа Солери (25) често споделуваа разголени фотографии, а притоа одговара и на интимни прашања поставени од нејзините обожаватели.
Имено, и овој пат, Солери реши да им открие некои детали од нејзиниот живот на своите следбеници, зборувајќи искрено за својата сексуална ориентација.
View this post on Instagram
„Јас сум флуидна кога е во прашање сексуалноста, што значи дека подеднакво ме привлекуваат мажи и жени“, изјавила девојката на Дамиано одговараќи на прашање поставено на социјалните мрежи од нејзин обожавател.
Многумина се прашуваа и дали нејзината врска со фронтменот на групата „Манескин“ е во согласност со нејзините феминистички ставови.
View this post on Instagram
– Што е толку феминистичко во врска со тоа? Да се има познато момче не е во согласност со феминизмот? Или би било пофеминистичко да ја криеме врската засекогаш. Мислам, дека тоа е прекрасна работа, нели? – истакнала Сорели.
Инаку, Џорџа и Дамиано се заедно повеќе од четири години и иако долго време ја криеле врската од јавноста, музичарот неодамна за првпат објавил нивна заедничка фотографија на својот инстаграм – профил, потврдувајќи дека се пар.
View this post on Instagram
– По четири години, можеме да кажеме, нели – напишал Дамиано на објавата.
Пред Дамиано да победи на Евровизија и да се дознае која е неговата девојка, Солери била добро позната инфлуенсерка, но ја следеле скоро двојно помалку луѓе од бројката на следбеници денес.
View this post on Instagram
На нејзините обожаватели особено им се допаѓаат нејзините бројни тетоважи и провокативни фотографии кои често ги споделува на социјалните мрежи.