ФОТО | По падот од бината: Откриена здравствена состојба на Мис Јамајка која сè уште е во болница
Претставничката на Јамајка, д-р Габриел Хенри, доживеа несреќа на сцената на престижниот избор, по што била итно пренесена во болница.
Минатата недела во Тајланд се одржа изборот за Мис Универзум, кој го следеа низа инциденти и скандали, а еден од нив беше падот на претставничката на Јамајка, д-р Габриел Хенри, од сцената за време на претселекциите. Претседателот на организацијата, Раул Роча, неодамна на својот инстаграм-профил објави и официјално соопштение во врска со овој несреќен настан.
Препорачано
„Сметаме дека работите кои се однесуваат на нејзиното здравје треба да бидат соопштени во соодветно време и исклучиво со дискреција на нејзиното семејство и Хенри, доколку таа така одлучи“, стои во воведот. Роча истакна дека по инцидентот веднаш биле преземени сите потребни мерки, и дека тој лично реагирал кога видел што се случило.
„Лично влегов на сцената, ја координирав итната медицинска помош и го надгледував нејзиниот итен пренос во болница“, напиша тој и додаде: „Бев во итната помош со нејзиното семејство и директно разговарав со нив. Предложив низа мерки на претпазливост, некои и надвор од стандардниот протокол, за да обезбедиме најточна проценка, следење и медицински надзор“.
View this post on Instagram
Претседателот на организацијата додаде и дека сите трошоци за лекувањето на мис Јамајка, како и престојот на нејзиното семејство во Тајланд за време на нејзиното закрепнување, биле покриени. Иако последните денови имало одредена загриженост, тој потврди дека нема причина за страв:
„И покрај тоа, благодарение на одличната медицинска грижа, сите проблеми се успешно решени. Денес ни е драго што можеме да споделиме дека последниот медицински извештај потврдува дека Габриел Хенри се чувствува добро и дека наскоро ќе биде отпуштена“.
Со мисицата, која по падот од бината веднаш беше пренесена во болница, цело време биле нејзината мајка и сестра, д-р Филиша Хенри-Самуелс, која претходно изјави:
„Габи не се опоравува толку брзо како што се надевавме, но болницата и понатаму ѝ дава соодветна грижа“


