ФОТО | Пејачот повторно загрижува: Милан Станковиќ објави фотографија со полна дланка лекови

Фото: Скриншот/Инстаграм/Милан Станковиќ

Српскиот пејач Милан Станковиќ (36) беше еден од најфаворизираните учесници на натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“ во 2007 година, а потоа изгради успешна музичка кариера. И покрај тоа, тој реши да се повлече од јавниот живот и да се посвети на православната религија.

Во последните неколку години, тој повеќе пати беше забележан во разни манастири во Србија и во регионот, најчесто на Света Гора во Грција – еден од најзначајните православни центри во светот.

Сосема нетипично за неговиот нов животен стил, минатата недела Станковиќ беше забележан на забава со техно музика.

Сега тој повторно ги загрижи неговите следбеници на Инстаграм, објавувајќи фотографија со полна дланка лекови.

„Сите мои додатоци во исхраната“, напиша тој на фотографијата.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Неговите обожаватели загрижено се запрашаа дали пејачот претерал со суплементите и дали е во ред да испие толку лекови наеднаш.

„Татко ми убил човек поради долгови“: Шокантни детали од животот на Милан Станковиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот