ФОТО: Остри коментари на сестрата на Меган Маркл – Било која пристојна личност не би си го дозволила тој срам!

Profimedia

Сестрата на Меган Маркл, Саманта Маркл, ја повика војвотката да се извини поради „непримерните слики“ од посетата на националните гробишта во Лос Анџелес.

Поранешната актерка заедно со сопругот, принцот Хари, ги посети гробиштата во знак на Неделата на сеќавањето на војниците од Втората светска војна, додека тие беа отсутни од годишната комеморација во Лондон.

Меган и Хари положија цвеќе на гробницата на двајца војници од кои еден служел во австралиското кралско воздухопловство и еден во канадската артилерија, а Меган цвеќето го набрала во својата градина.

Фото: Инстаграм

Она што ја вознемири јавноста е дека Меган и Хари при оваа самостојна иницијатива, повикале и професионален фотограф кој ќе се погрижи да ги долови нивните натажени лица.

Коментирајќи го случувањето, сестрата на Меган изјави „Мислам дека тоа што е највпечатливо во врска со било кој Ден на сеќавање не е само да се сетиме на оние кои се жртвувале, туку да ни служи и како потсетник дека животот е скапоцен и краток и секако треба да му се заблагодариме“.

– Искористете го денот, искоритете го моментот, извинете се и смирете се со оние кои се живи и кои ви дале многу нешта, изјави таа.

Фото: Инстаграм

– Се надевам дека таа ќе се „разбуди“ наскоро, но изгледа дека тоа нема да се случи наскоро, раскажа разочараната сестра.

Кога беше запрашана дали нејзината сестра треба да се извини, таа додаде:

– Апсолутно. Сето ова беше ужасно и мислам дека треба буквално да се избрише, бико која пристојна личност, од љубезност и хуманост, никогаш не би си дозволила да стигне волку далеку. Со пари да изнајмува професионални фотографи кои ќе прикажат „колку таа била тажна“, заклучи таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот