Пол Мескал, Џозеф Квин, Бери Кеоган и Харис Дикинсон: Фото / VALERIE MACON / AFP / Profimedia

ФОТО | Објавени првите фотографии од филмовите за „Битлси“: Вака ќе изгледа легендарната четворка на големото платно

Објавен е првиот официјален поглед на долгонајавуваниот филмски проект „Битлси – четириделен филмски настан“ (The Beatles – A Four-Film Cinematic Event), амбициозен сет од четири играни филма посветени на легендарната музичка група „Битлси“, во режија на Сем Мендес.

Проектот ја раскажува приказната на групата од перспектива на секој од четворицата членови, а главните улоги ги толкуваат едни од најактуелните актерски имиња денес. Пол Мескал ќе го игра Пол Макартни, Бери Киган е во улогата на Ринго Стар, Џозеф Квин ќе го портретира Џорџ Харисон, додека Харис Дикинсон ќе се појави како Џон Ленон.

Првите визуелни материјали од филмовите беа претставени преку специјални разгледници дистрибуирани во Институтот за изведувачки уметности во Ливерпул, институција сооснована од Пол Макартни, што дополнително ја нагласи симболиката на проектот и неговата поврзаност со корените на бендот.

Фото: Инстаграм/Институтот за изведувачки уметности во Ливерпул

Сите четири филма ќе имаат целосна кино-дистрибуција и се планирани за премиера во април 2028 година. Проектот е финансиран и ќе се дистрибуира глобално од „Сони пикчерс“.

Покрај главната актерска екипа, во значајни улоги ќе се појават и Миа Мекена-Брус како Морин Старки, Сорша Ронан како Линда Макартни, Ана Саваи како Јоко Оно и Ејми Лу Вуд како Пети Бојд. Во споредните улоги се најавени и Дејвид Мориси, Лиен Бест, Џејмс Нортон, Хари Лојд, Боби Скофилд, Артур Дарвил и Адам Пали.

Режисерот Сем Мендес работи според сценарија напишани од Џез Батерворт, Питер Строхан и Џек Торн, а продукцијата е резултат на соработката меѓу „Нил стрит продакшнс“, „Епл корпс“ и „Сони пикчерс“.

Овој проект влегува во историјата како првпат „Битлси и „Епл корпс“ официјално да одобрат користење на животните приказни и музиката на членовите на музичката група во играни филмови, што дополнително ја зголемува важноста и очекувањата од овој уникатен филмски настан.

Објавено кои актери ќе ги глумат членовите на „Битлси“ во четирите биографски филмови на Сем Мендес

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот