ФОТО | Објавени првите фотографии од дијамантската круна што крадците ја изгубиле при бегството од Лувр
Круната на француската царица Евгенија е оштетена откако крадците ја изгубиле за време на бегството од Лувр минатиот октомври. Сепак, од музејот велат дека таа е „речиси недопрена“ и дека може целосно да се реставрира.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Крадците украле накит вреден околу 88 милиони евра, но зад себе ја оставиле дијамантската круна која ѝ припаѓала на сопругата на Наполеон III, пренесува „Би-би-си“. Се проценува дека и самата круна вреди десетици милиони евра.
🚨👑🇫🇷 ALERTE INFO : Des photos inédites publiées par le musée du Louvre montrent l’état de la couronne de l’impératrice Eugénie, retrouvée déformée après avoir été abandonnée par les voleurs lors du casse du 19 octobre 2025. Le musée confirme qu’elle pourra être restaurée «… pic.twitter.com/HsqoVnBohg
— Wolf 🐺 (@PsyGuy007) February 5, 2026
Круната е силно деформирана
Музејот ги објави првите фотографии од круната по кражбата и соопшти дека таа останала „силно деформирана“, откако крадците се обиделе да ја протнат низ тесен отвор исечен во стаклената витрина. На круната ѝ недостасува еден од осумте златни орли со кои била украсена, но сите 56 смарагди се зачувани, од вкупно 1.354 дијаманти недостасуваат само 10.
Од Лувр додаваат дека круната од 19 век ќе биде вратена во првобитната состојба „без потреба од реконструкција“. Формиран е стручен одбор, предводен од директорката на музејот, Лоранс де Кар, кој ќе го надгледува процесот на реставрација.
Кражбата се случила на 19 октомври, кога бандата искористила украдена механичка дигалка поставена на возило за да пристапи до Галеријата Аполон преку балкон покрај реката Сена.
Empress’s crown dropped in Louvre heist to be fully restored.
The thieves who robbed the Louvre last October made off with an estimated 88 million euros ($104 million) in jewels, but dropped empress Eugenie’s diamond- and emerald-studded crown as they escaped… pic.twitter.com/PsPQZQed0k
— AFP News Agency (@AFP) February 5, 2026
Двајца крадци влегле така што со електричен алат исекле прозорец. Потоа се заканиле на обезбедувањето, кои ја евакуирале областа и го исекле стаклото на две витрини со накит кој некогаш ѝ припаѓал на француската кралска фамилија и на царевите.
Обвинителите соопштија дека крадците поминале помалку од четири минути во галеријата, по што побегнале со два скутери што ги чекале надвор.
Организаторот на кражбата сè уште е во бегство
Полицијата уапсила четворица мажи за кои се верува дека учествувале во кражбата, но организаторот сè уште не е пронајден.
Останатите седум украдени парчиња накит, меѓу кои и дијамантска тијара што исто така ѝ припаѓала на царицата Евгенија, како и огрлици, обетки и брошеви, сè уште се водат како исчезнати.


