ФОТО: Нов сериозен удар за Барса – без Жоао Феликс во „Ел Класико“?!

фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Барселона ја забележа третата последователна победа во групната фаза од Лигата на шампионите и е блиску да се пласира во осминафиналето по пауза од две сезони, но триумфот го загорчи повредата на еден од најважните играчи, непосредно пред „Ел Класико“.

Тренерот Чави Ернандез и неговиот стручен штаб добија сериозен удар пред следниот меч против Реал Мадрид кој ќе се игра в сабота (28 октомври) од 16.15 часот.

Жоао Феликс поради повреда мораше порано да го заврши натпреварот против Шахтјор.

Португалецот е играчот кој ова лето пристигна на позајмица од Атлетико Мадрид, а конечно во Барса ја најде старата добра форма, станувајќи еден од најважните играчи во каталонската екипа.

фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Жоао Феликс доби лекарски помош на теренот, се обиде да продолжи, но не можеше. Едвај замина кон соблекувалната, а наместо него во игра влезе Марк Гију.

Според најавите Жоао Феликс најверојатно нема да може да игра против Реал, а за Барса неговата повреда е уште поголем удар ако се земе предвид дека на листата повредени се и Френки Де Јонг, Роберт Левандовски, Кунде, Рафиња, Педри и Серхи Роберто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот