ВИДЕО: Барса на чекор од нокаут-фаза во ЛШ, Феенорд го урна Лацио во Ротердам

фото: EPA-EFE/SIU WU

Во првите два натпревари од денешната програма во фудбалската Лига на шампионите, победи забележаа домашните екипи Барселона и Феенорд.

Каталонскиот гигант на „Монжуик“ го совлада Шахтјор со 2:1, во текот на првото полувреме стрелци за Барса беа Торес и Лопез, а истите играчи беа асистенти на двата погодоци.

Во вториот дел Украинците само успеаја да го ублажат поразт во 62 минута преку Судаков по асистенцијата на Азарови.

Барселона има максимални девет бодови во групата „Х“ и е на чекор од пласман во нокаут-фазата.

Феенорд пред своите навивачи во Ротердам стигна и до вториот триумф во групата „Е“ откако со 3:1 го надигра Лацио.

За Холанѓаните во првите 45 минути за водство од 2:0 се погрижија Хименез и Зеруки.

Хименез го постигна и вториот гол на мечот во 74 минута, а Италијанците својот единствен погодок го постигнаа во 83 минута од пенал кој го реализираше Педро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот