ФОТО | Нина Бадриќ со боксерски ракавици: Фановите ја споредуваат со италијанската актерка Моника Белучи

Instagram
Instagram

„Совладај се себе и светот ќе биде под твоите нозе“, напиша Нинана својот инстаграм – профил под една моќна црно бела фотографија.

Кога Нина Бадриќ (48) ќе сподели фотографија на својот инстаграм – профил следуваат лавина од комплименти од нејзините фанови.

Хрватската пејачка ја промовира природната убавина, а тоа на нејзините следбеници особено им се допаѓа.

Instagram
Instagram

Меѓу последните фотографии кои Нина ги објави на социјалната мрежа и кои привлекоа најмногу внимание е кога таа е облечена во спортска облека, високи елегантни потпетици, а на рацете носи боксерски ракавици.

Под една од фотографиите Нина напиша:

Ако молчиш, замолчи од љубов. Ако зборуваш, зборувај од љубов, започна таа.

Ако простиш, прости од љубов. Ако предупредувате, предупредете од љубов, напишала Нина во описот на фотографијата.

instagram/printscreen
instagram/printscreen

На фотографиите Нина многу наликува на италијанската актерка Моника Белучи.

Моника Белучи, дали си ти тоа? – гласеше еден од коментарите што собра најмногу „лајкови“.

Бројни позитивни коментари и илјадници „лајкови“ добија овие фотографии.

“Дури кога го прочитав коментарот, сфатив дека тоа е Нина. Отпрвин тоа за мене беше Моника Белучи”, “Мислам дека е Моника Белучи”, “Убавица”, “Ти си прекрасно суштество”, “Нешто ново е во подготовка? “, се само дел од коментарите на фотографијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот