ФОТО | Никој не ја прифаќа нејзината врска со бисексуалниот шаман: Принцезата поради љубов се сели во Америка!

Фото: Профимедиа

Поранешниот маж на норвешката принцеза, Ари Бен, на кој му роди три ќерки, изврши самоубиство три години по разводот од Марта Луиз…

Изгледа е се подготвено за преселбата на принцезата Марта Луиз и нејзините три ќерки од родната Норвешка во Америка, со цел тие конечно да го пронајдат мирот и среќата.

Фото: Профимедиа

Како што призна и самата норвешка принцеза за локалните медиуми, таа и нејзините ќерки ке се отселат во САД веднаш штом ситуацијата околу пандемијата на коронавирусот малку ќе се смири.

„Нормално, децата одат со мене, а засекогаш ќе го задржиме нашиот дом во Ломедален. Мора да имаме дом во Норвешка, бидејќи често ќе доаѓаме. Не можеме во целост да ја напуштиме нашата прекрасна Норвешка“, откри 49-годишната принцеза која оваа одлука ја донела поради љубовта со бисексуалниот шаман Дурек.

Фото: Профимедиа

Парот поради актуелната здравствена ситуација не се видел уште од Божиќ, кога шаманот бил во посета на Норвешка и со неа ги помина празниците.

Дека принцезата е вљубена и дека ја пронашла сродната душа таа јавно призна уште во мај 2019 година.

Фото: Профимедиа

„Кога ќе ја сретнеш својата сродна душа е прекрасно, а јас имав доволно среќа да ја пронајдам својата. Шаманот Дурек го промени мојот живот, токму како што ги промени животите и на многумина други. Тој ми помогна да сфатам дека безусловната љубов всушност постои на овој свет. Тој ме прифаќа без непотребните прашања и стравот, ме смее повеќе од сите“, изјави принцезата.

Фото: Профимедиа

Инаку, норвешката принцеза има три ќерки, Мауд Анџелика (17), Леа Исадора (15) и Ема Талулу (12), кои ги доби во бракот со Ари Бен. Парот се разведе уште во 2016 година, а во декември 2019 година Бен изврши самоубиство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот