Сестрите Кардашијан -Фото: Инстаграм

ФОТО | Неверојатна трансформација: Погледнете како изгледале сестрите Кардашијан пред да станат богати и славни

Најстарата сестра Кардашијан, Кортни, ги изненади следбениците на Инстаграм објавувајќи стари фотографии од 1999 година, на кои може да се види како таа и нејзините сестри изгледале пред естетските операции

На својот Инстаграм-профил, 46-годишната претприемачка сподели носталгични моменти, а особено внимание привлече фотографијата на која позира со сестрите Ким (45) и Клои (41). Во описот Кортни едноставно напишала:

„1999.“

Семејните односи и славата – честа тема во нивните интервјуа

Односите во семејството и начинот на кој се справувале со славата често се тема на интервјуата на сестрите Кардашијан. Неодамна, Ким во поткастот „Call Her Daddy“ зборуваше за своето искуство со медиумите и призна дека понекогаш забележувала дека медиумите се однесуваат различно кон Клои поради нејзиниот изглед.

„Стануваше збор за тежина. За изглед. За сè. Мислам дека јас и Кортни требаше јавно повеќе да застанеме во нејзина одбрана додека тоа се случуваше. Едноставно не знаевме како да реагираме. Тоа беа наши први интервјуа, наш прв влез во такви емисии. Кога денес ќе се навратам, навистина е лудо како изгледаа тие разговори“, изјави Ким.

Инаку, семејството Кардашијан стекна глобална слава во 2007 година со лансирањето на реалити-серијалот „Keeping Up with the Kardashians“, кој многу брзо стана културен феномен. Емисјата го отвори патот за нивните бизинис-проекти, модни брендови и медиумска доминација која трае и денес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот