Џесика Алба и Кеш Воре / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

ФОТО | Не ја пушта од раце: Поранешниот сопруг на Џесика Алба среде улица ја бакнува 21 година помладата манекенка!

Кеш Ворен (46), продуцент и поранешен сопруг на Џесика Алба, беше фотографиран на романтичен состанок со моделот Хана Сан Доер (25), која е 21 година помлада од него. Двојката вечерала заедно во луксузниот ресторан „Е. Балди“ на Беверли Хилс, а во текот на вечерта цело време разменувале нежности.

Фотографите ги фатија како се држат за раце, смеејќи се и разменувајќи прегратки и бакнежи. Ворен не можел да ги тргне рацете од младата Хана, така што среде улица ја бакнувал.

Ворен бил облечен во црна маица и панталони, додека Хана носела бел свилен фустан во комбинација со кожена јакна и црни чизми.

Ова излегување дојде само неколку недели откако беа видени заедно еднаш во Лос Анџелес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Just Jared (@justjared)

Која е Хана Сан Доер?

Во јуни 2025 година, Хана Сан Доер објави дека дипломирала на Универзитетот Калифорнија во Лос Анџелес (УКЛА), смер социологија. Хана тогаш на Инстаграм сподели фотографии.

Според податоците од ИМДб, Хана се обидела и во светот на глумата во 2023 година, кога се појавила во една епизода од серијата „Минкс“ (Minx). Во хумористичната драма која ја следи младата феминистка и издавачка на првото еротско списание за жени, Хана ја играла улогата на италијанска манекенка.

Освен глумата, Хана го истражувала и светот на модата. Таа позирала за модни брендови како што е „Лирика Матоши“, а професионалните фотографии се потпишани од „Артист футпринт“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by hana (@hanasundoerr)

Развод по 17 години брак

Да потсетиме, Џесика Алба (44) потврди на Инстаграм во јануари дека се разведува од Ворен, по речиси 17 години брак. Во објавата, таа нагласи дека ќе продолжи да бидат семејство заради децата и дека се разделиле во мир и меѓусебно почитување. Во февруари, Алба официјално поднесе барање за развод, наведувајќи „непомирливи разлики“.

Двајцата пронајдоа нови партнери

Актерката исто така не беше сама долго. Веќе во мај, таа беше видена во Лондон со актерот Дени Рамирез (32), познат од филмот „Капетан Америка“. Двојката веќе не крие дека се во врска, делуваат многу вљубени.

Запрашан за својата поранешна сопруга и нејзината нова врска во јули, Ворен рекол: „Среќен сум за неа“. Во тоа време, тој сè уште тврдел дека нема никој. Но, најновите фотографии потврдуваат дека и тој пронашол нова љубов.

Детали за разводот на Џесика Алба: Немале предбрачен договор, ќе делат имот вреден 600 милиони долари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот