ФОТО: Најскапата венчаница во светот чини 2,6 милиони фунти, но тоа не е венчаницата која ја носеше Кејт Мидлтон!

Фото: Инстаграм

Еве кој ја поседува најскапата венчаница во светот…

Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон ја носеше една од најскапите венчаници на сите времиња кога се омажи за принцот Вилијам во 2011 година.

Фото: Инстаграм

Денес култната венчаница од брендот Алекандар Меквин чини дури 386.146 фунти.

Верувале или не, тоа сепак не е најскапата венчаница во светот.

Првото место на оваа листа го зазема тенисерката Серена Вилијамс која носеше венчаница од истиот бренд, а за неа плати неверојатни 2.695.000 фунти во 2017 година.

Фото: Инстаграм

На листата се најде и венчаницата на Грејс Кели која ја дизајнираше Хелен Роуз и за која во тоа време, односно во 1956 година е платено 46.200 фунти.

Фото: Инстаграм

Таа венчаница денес би чинела 441.478 фунти, што всушност би ја направило втора најскапа венчаница во светот, веднаш зад тенисерката Серена Вилијамс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот