ФОТО | На голманката сами ѝ се редат коцките: Во фудбалот останувам засекогаш, но сега во друга улога!

Фото: Приватна архива

Разговараме со македонската голманка Весна Витанова, која живее во Малта каде ги бранеше боите на „Свиѓи“ од Малта. Завчера на социјалната мрежа Фејсбук, Весна  објави:

„По 15 годишно активно играње фудбал крајот не можеше да биде поубав, опкружена со најдобрите од малтешкиот женски фудбал. Престиж е самото појавување на номинациите, каде што го процениле мојот труд и потенцијал во изминатите години и ме избраа да бидам дел од елитата. Среќна и благодарна го завршувам фудбалското искуство со најубави моменти врежани во срцето за цел живот“.

приватна архива

 Зошто ја донесе одлуката да се повлечеш од фудбалот?

– Од фудбалот не се повлекувам, се повлекувам само од активното играње. Одлуката е само да прекинам со тренинзи кои ги обавував во сите изминати години, редовно и без отстапки. Инаку, од фудбалот не се повлекувам дефинитивно бидејќи и тоа што го работам во изминатите 6 години во Малта каде сум репортер за една компанија од Малтешката Премиер Лига, е фудбал и само фудбал. А тоа беше една и од причините за самото доаѓање на островот. Јас сум и лиценциран тренер на УЕФА и ФИФА, така што дефинитивно во фудбалот останувам засекогаш, но сега во друга улога. Затоа и не сметам дека се повлекувам од фудбалот, туку започнувам нова дружба со фудбалот, на друго ниво.

Во Малта е ангажирана и како репортерка, фото – приватна архива
Со синчето Лео, фото-приватна архива

Дали оваа одлука го става под знак прашање твојот престој, како и престојот на семејството, во Малта?

– Не, никако! Мојата одлука за престанок на активното играње нема никаква врска со мојот статус во државата. Јас сум жител на оваа земја со регулиран статус по сите параметри…

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

Извор: Еспресо.мк.

Видео на денот