ФОТО: Мери Акиевска победи на „Арнолд Класик Европа 2022“ во Севиља

Нов голем успех за македонскиот бодибилдинг донесе Мери Акиевска која во конкуренција од 19 натпреварувачки од светот го освои првото место на натпреварот „Арнолд Класик Европа 2022“ кој се одржа во Севиља, Шпанија.
Секоја чест за Акиевска која е Национален, Балкански, Европски, Светски и сега Арнолд Класик шампион.
Во Севиља свој настап имаше и Катерина Попева која исто така постигна врвен резултат како четвртопласирана.
– Сега срцево ми е полно. Пресреќна сум што како јуниор ги освоивме сите титули и во сениорска категорија благодарение на мојот тренер Бобан Ѓороски кој секоја минута ми ја посветуваше, заедно донесовме огромни успеси уште од мојот старт како натпреварувачка едноставно израснав овие четири години во успеси.
Иако сè освоивме не мора да значи дека тука завршуваме, се гледаме за некоја недела повторно на сцена. Во иднина преостанува само да ги потврдиме и повториме досегашните успеси – вели Акиевска.