ФОТО: Мекгрегор претепан и со патерици си замина по борбата, дури и Берни Сандерс го „успа“ Ирецот

прнтскрин

Конор Мекгрегор е хит на социјалните мрежи откако доживеа нокаут во борбата со Дастин Поирие.

Ирецот не се прослави на УФЦ 257 приредбата, тој во втората рунда го доживеа првиот нокаут во кариерата и тоа од Дастин Поирие кој беше одлично подготвен за оваа борба.

Иако Мекгрегор имае свои моменти во воведната рунда, многу брзо стана јасно кој ќе слави и единствено прашање беше дали тоа ќе биде нокаут или на поени.

ВИДЕО | УФЦ: Конор нокаутиран, Поирие го испрати Мекгрегор не „спиење“ во втората рунда

По борбата, Мекгрегор арената во Абу Даби ја напушти на патерици поради ударите кои ги доби во ногата од својот противник. Фановите едвај го дочекаа поразот на Ирецот и на социјалните мрежи му фаќаат сеир правејќи фотомонтажи, а една од нив е и од американскиот сенатор Берни Сандерс кој беше хит на инаугурацијата на новиот претседател на САД, Џо Бајден.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот