ФОТО | „Мече на Марс?“: Орбитер на НАСА улови необична глетка на „Црвената планета“

Фото: Твитер/Универзитетот во Аризона

Орбитерот „Марс реконесенс“ на американската Национална аеронаутичко-вселенска управа (НАСА), снимајќи ја површината на Марс улови „лице на мече“, објави „Си-ен-ен“.

На фотографијата направена со камерата „High Resolution Imaging Experiment“, јасно се гледа необичната геолошка формација. Кружниот облик на работ, за кој се претпоставува дека се некакви пукнатини околу вулкан, „ја одразува“ главата на мечката, два плитки кратера ги оцртуваат очите, а возвишението во облик на превртено „Г“, веројатно, вулкански отвор, или пак, насобрана кал, наликува на муцка. Овој своевиден куп може да е последица на таложење на самиот врв на закопаниот кратер кој бил исполнет со лава или кал.

Универзитетот во Аризона, што ја разви камерата со компанијата „Бол аероспејс“, ја објави сликата.

Камерата „High Resolution Imaging Experiment“ го фотографира Марс од 2006 година, кога орбитерот „Марс реконесенс“ почна да ја обиколува „Црвената планета“. Моќната камера е дизајнирана да ја слика површината на Марс, со прилично голема прецизност.

Леталото прави круг околу Марс за 112 минути, со брзина од околу 255 километри над неговиот јужен пол или 320 км над северниот пол. Орбитерот ѝ служи на НАСА за проучување на атмосферата, времето и климата на Марс.

Исто така, бара докази за вода, мраз и сложен терен и места за можните идни мисии.

Повеќе на темата:

НАСА и Пентагон работат на ракета на нуклеарен погон за патување до Марс

Успех на НАСА: Пронајде мала планета на која може да се живее

Научниците објаснија: Која билка би можела да нè прехрани на Марс?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот