Џенифер Анистон и Џим Кертис / Фото: Принтскрин / Инстаграм

ФОТО | Љубовта им цвета – Џенифер Анистон објави редок приватен момент со нејзиниот партнер

Познатата актерка Џенифер Анистон и нејзиниот партнер, хипнотерапевт и лајф тренер Џим Кертис, ден по ден докажуваат дека во моментов се еден од најхармоничните парови во Холивуд.

Актерката помина навистина прекрасен велигденски викенд, опкружена со своите најблиски, па сподели серија интересни фотографии на својот инстаграм-профил.

Меѓу нив беше и многу ретка, интимна фотографија со нејзиниот избраник, која привлече посебно внимание.

Џенифер Анистон и Џим Кертис / Фото: Instagram / jenniferaniston

На фотографијата, Анистон нежно го прегрнува Џим околу вратот додека позираат пред камерата со насмевки. Актерката избра едноставна бела маичка и златни алки за оваа опуштена пригода, додека нејзиниот партнер носеше класична црна маичка.

Во истата објава, на која напиша „Неделен ден за опуштање!“, Џенифер сподели и фотографија од Кертис како среќно позира на терасата со своето куче во скут, јасно ставајќи до знаење колку уживаат во своите заеднички моменти.

Фото: Instagram / jenniferaniston

Иако Џенифер и Џим за првпат беа поврзани во јуни минатата година, Кертис откри дека нивната љубовна приказна всушност започнала во јануари 2025 година.

Дечкото на Џенифер Анистон со тешка исповед за болеста што го принудила да оди со бастун

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот