Линдзи Лохан - Фото: Инстаграм

ФОТО | Линдзи Лохан се јави од Дубаи: „Се молам за мир, Бог нека нè благослови“

Актерката се огласи по случувањата што ги потресуваат арапските земји и потврди дека таа и нејзиното семејство се на безбедно.

Актерката Линдзи Лохан веќе 10 години живее далеку од Холивуд, а како своја дестинација го избра Дубаи. Во екот на иранските напади на Блискиот Исток таа во моментов се наоѓа таму со семејството, а според пишувањето на „ТМЗ“, сите се на сигурно.

Лохан се огласи и на својот Инстаграм со кратка порака.

Лохан живее во Дубаи од 2015 година, а со својот сегашен сопруг Бадер Шамас почнала да се гледа во 2020 година. Се свршија во 2021, се венчаа следната година, а една година подоцна го добија синот Луаи. Актерката неодамна позираше за насловната страница на „Вог Арабија“, каде што откри дека сака да живее во Дубаи поради „спокојот и мирот“ што ги пронашла далеку од папараците.

Линдзи Лохан- Фото: Инстаграм

Поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, нејзините обожаватели изразија загриженост, по што таа се огласи со кратка порака за мир на својата инстаграм-приказна:

„Се молам за мир. Чувајте се сите. Нека нè благослови Бог“.

Линдзи Лохан- Фото: Инстаграм

Лохан претходно изјави дека го обожава Дубаи затоа што ја почитува приватноста и речиси воопшто не толерира папарацо-култура каква што владее во Холивуд. Според неа, градот ѝ го дал она што Лос Анџелес никогаш не можел – мир, анонимност и живот без постојано присуство на камери.

Да потсетиме, Лохан е една од бројните познати личности што живеат во Дубаи, каде што во моментов има ограничувања во авионскиот сообраќај. Странски, но и регионални инфлуенсери се огласуваат на социјалните мрежи, повикувајќи на смиреност и истакнувајќи дека има многу дезинформации, додека градот продолжува да функционира нормално.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот