Калиопи / Фото: Скриншот/Јутјуб

ФОТО | Ликот на Калиопи направен од коса — поп-дивата доби уникатен подарок

Калиопи сподели уникатно видео од уметничко дело кое е направено специјално од почит кон неа.

Таа покажа дека знае да го препознае и јавно да го поддржи уникатниот талент на креативците во нашата земја. Овојпат, таа сподели дело на фризерката Светлана Зуламоска-Гроздановска од прилепското село Кривогаштани.

На својот инстаграм-профил, Калиопи сподели видеоприказна од профилот на Зуламоска-Гроздановска, со што јавно го изрази своето воодушевување од она што фризерката успеала да го создаде. Станува збор за портрет на пејачката, изработен на специфичен начин целосно со помош на исечени влакна коса на подот од фризерскиот салон.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Светлана Зуламоска-Гроздановска веќе подолго време е позната во јавноста по својата уникатна дарба да создава вистински ремек-дела и портрети на познати личности користејќи го токму својот основен алат за работа, косата.

Таа досега има направено портрети на Игор Џамбазов, Лила Филиповска, Кире Лазаров, Мајкл Џексон, Тамара Тодевска, Бора Чорба и многу други, а првиот портрет кој го направила е на Новак Ѓоковиќ. Зуламоска-Гроздановска изработи 12 цртежи од Тоше Проески на камен. Делата со акрилни бои беа изложени во Спомен-куќата „Тодор Проески“ во Крушево и на 25 јануари во 2024 година, на денот кога е роден Тоше, се одржа хуманитарна изложба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот