ФОТО | Ламбе замина во Виена со семејството, причината е специјална
Ламбе Алабаковски со семејството – сопругата Магдалена и синовите Михаил и Димитриј – замина во Виена, а поводот е специјален.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Поп-пејачот со најмилите уживаше во спојот на културата, музиката и семејните моменти.
Повод за патувањето бил музички натпревар по пијано, на кој учествувал неговиот син Михаил. Настапот се одржал во престижна сала, а младото талентирано момче имало можност да се претстави на меѓународна сцена, што претставува значаен чекор во неговиот музички развој.

Семејството го искористи престојот и за прошетка низ познатите виенски знаменитости, меѓу кои и величествениот дворец Шенбрун, каде што споделија фотографии од своето патување.

За потсетување, по неколку години живот во САД, од љубов и носталгија кон родната земја, Алабаковски се врати во Македонија и сега живее во Битола. Ламбе, кој е по потекло од преспанското село Љубојно, сè почесто е присутен на музичката сцена, а фотографиите од Виена покажаа дека е посветен и на семејството и на развојот на талентот на своите деца.
Во едно интервју за „Слободен печат“, Ламбе зборуваше за тоа какви родители се тој и Магдалена.
„Понекогаш сме строги, но се трудиме да бидеме другари со децата, но сепак да се знае авторитетот на родител. Денес децата растат во еден хаотичен свет, па секогаш има нови предизвици. Михаил оди во музичко, а Димитриј е сè уште мал за да откриеме талент. Јас никогаш нема да ги притискам да се вртат кон музиката, сепак тоа е нивна одлука. Се трудиме и што помалку време да поминуваат на екрани, а повеќе да се насочени кон креативни игри и да бидат надвор во природа“, рече пејачот.


