ФОТО | Контроверзните близнаци Богданов починаа од ковид во растојание од шест дена

Фото: Профимедиа

Француските телевизиски ѕвезди со руско потекло Игор и Гришка Богданов починаа во растојание од само неколку дена од последиците од коронавирусот. Близнаците се прославија во научно-фантастичната емисија „Tемпс Икс“ од почетокот на 80-тите години на минатиот век, а и во наредните децении останаа дел од европскиот и светскиот шоубизнис.

Игор Богданов починал во понеделникот на 3 јануари, шест дена откако неговиот брат близнак Гришка починал во болница во Париз, по повеќе дена поминати во кома. Инаку, и двајцата биле хоспитализирани на 15 декември со компликации предизвикани од ковид-19. Роднините потврдиле дека ниту еден од браќата не бил вакциниран против коронавирусот.

Фото: Профимедиа

Браќата Богданов имале 72 години, а беа познати по своите ексцентрични карактери, талентот за телевизиски настапи, но и по специфичниот моден стил и опсесијата со пластичните операции.

Нивната опседнатост со естетската хирургија започна во 90-тите години и доведе до тоа Игор и Гришка да бидат целосно непрепознатливи низ годините и често да бидат на удар на критиките. И двајцата имале неколку импланти во брадата и образите, а редовно ставале и ботокс и хијалуронски филери.

Фото: Профимедиа

И покрај оваа бизарна навика, а двајцата негирале дека имаат страст за пластичните операции, Игор и Гришка биле вљубеници во науката, а дипломирале физика и објавиле бројни трудови од областа на космологијата. Нивните научни трудови за Големата експлозија беа објавени дури и во рецензирани научни списанија, но во 2001 година, во „аферата Богданов“ беше откриено дека истите немаат никаква вистинска вредност.

Близнаците до крајот на животот се занимавале со прашања од областа на научната фантастика и популарната наука, а ги обработувале во различни телевизиски форми и проекти. Инаку, интересно е тоа што браќата Богданов во 2005 година добија професорски ангажман на Катедрата за космологија на еден приватен белградски универзитет.

Игор имал шест деца од два брака, а Гришка четири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот