ФОТО | Ќерката на Моника Белучи ги украде сите погледи во Париз, убавата Дева е копија на мајка ѝ
Младата манекенка Дева Касел, ќерка на Моника Белучи и Венсан Касел, го привлече целото внимание кога пристигна на Модната недела во Париз, каде што обожавателите се собраа околу неа за да ѝ побараат автограм.
Препорачано
Даесет и едногодишната девојка покажа дека не привлекува внимание само поради своите познати родители, туку и затоа што сè поуспешно ја гради својата кариера како модел и актерка.

Затоа не е изненадувачки што Дева доби покана за Модната недела во Париз, која започна на почетокот на неделата и ќе трае до 10 март. На ревијата на женската колекција на Кристијан Диор, таа изгледаше елегантно во пругаста кошула и кроени панталони.
Таа ги поздравуваше обожавателите со насмевка, додека нејзината кафеава виткана долга коса паѓаше преку рамената.
„Генетиката си ја заврши својата работа“; „Прекраснa девока“; „Ќе биде голема ѕвезда како нејзината мајка“; „Ми се допаѓа што не живее на сметка на своите познати родители, туку го гради својот пат“ , се само дел од комплиментите што се појавија на социјалните мрежи.


