Кели Озборн на Британските музички награди 2026 / Фото: Profimedia

ФОТО | Кели Озборн се огласи по раскинувањето на веридбата – со една фотографија кажа сѐ

Кели Озборн за првпат се огласи по веста дека ја раскинала веридбата со музичарот Сид Вилсон – и тоа со објава на која нејзиниот тригодишен син Сидни има пелена на главата.

Четириесет и едногодишната ќерка на Ози Озборн на социјалните мрежи сподели сцена од тежок ден: таа и пријателката Киники го забавуваат малиот Сидни, кој се бори со конјунктивитис, додека сите тројца позираат со пелени на главите.

Објавата дојде неколку дена откако се појавија информации дека Кели и Сид, по четири години врска и веридба, се разделиле. Последен пат заедно се појавија во јавноста на доделувањето на Греми наградите во февруари.

Кели Озборн – Фото: Инстаграм/Кели Озборн

Во описот на фотографијата Кели напиша: „Малиот има конјунктивитис, па се обидуваме да го расположиме. Фала му на Бога, веќе му е подобро!“ Нема збор за раскинувањето, ниту драматични пораки – само мајка што се грижи за своето дете.

Двајцата се познаваат повеќе од дваесет години, благодарение на нејзиниот татко, а врската ја започнале во јануари 2022 година. Сид Вилсон, ди-џеј и член на познатиот метал бенд, ја запросил Кели зад сцената на прошталниот концерт на Ози „Назад кон почетокот“ во Англија, само неколку недели пред смртта на легендарниот рокер од срцев удар.

Нивната врска не била без проблеми. Кели во еден разговор откри дека имале сериозна расправија околу презимето на нивниот син. Таа сакала детето да ги носи двете презимиња, додека Сид првично се противел. По разговори и партнерска терапија, на крајот прифатил, па Сидни денес ги има презимињата на двајцата родители.

Пред раскинувањето, Кели јавно им се спротивстави на навредливите коментари за нејзиниот изглед по смртта на татко ѝ. Таа напиша дека е особено сурово да се напаѓа некој кога очигледно поминува низ тежок период. Додаде дека се соочува со најтешката фаза во својот живот и дека нема да дозволи да биде обезличена.

Крај на љубовта: Кели Озборн и Сид Вилсон ја раскинаа свршувачката и ги откажаа плановите за свадба

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот