Крај на љубовта: Кели Озборн и Сид Вилсон ја раскинаа свршувачката и ги откажаа плановите за свадба
Кели Озборн и музичарот Сид Вилсон ја раскинале свршувачката. До прекинот дошло седум месеци откако 49-годишниот диџеј на групата „Слипкнот“ ја запросил 41-годишната Кели на минатогодишниот концерт на Ози Озборн и Блек Сабат во Бирмингем, пренесува „Дејли мејл“.
Препорачано
Кели и Сид се познаваат 27 години, а заедно го имаат тригодишен син, Сидни.

Тежок период за Кели
Извори блиски до Кели Озборн откриваат дека зад неа е тежок месец во кој, покрај раскинувањето, сè уште се справува со тагата поради загубата на својот татко, додека истовремено е посветена на мајчинството.
„Кели и Сид одлучија да ја раскинат свршувачката. Кели тешко се носи со загубата на татко ѝ. Процесот на жалење е исклучително тежок и таа прави сè што може за да се справи со тоа“ навел изворот.
Изворот додал дека проблемите во врската постоеле подолго време.
„Вистина е дека таа и Сид веќе извесен период се соочуваа со проблеми во врската и дека работите не беа такви какви што изгледаа. Се обидоа да ја спасат врската, особено поради детето, но на крајот заклучија дека разделбата е најдобро решение. Кели помина низ многу нешта во последната година“.

Од пријателство до љубов
Кели и Сид првпат се сретнале додека „Слипкнот“ настапувале на музички фестивал што го основале нејзините родители. Врската ја потврдија на Денот на вљубените во 2022 година, кога Кели објави нивна заедничка фотографија.
„По 23 години пријателство, не можам да поверувам каде стигнавме. Ти си мојот најдобар пријател, мојата сродна душа и сум длабоко вљубена во тебе, Сидни Џорџ Вилсон“, напиша тогаш.

Подоцна истата година го добија својот син, а заедно живееја на фарма во Ајова.
Сид ја запросил зад сцената на концерт на „Блек Сабат“, пред целото нејзино семејство, Шерон Озборн и брат ѝ Џек Озборн. Кели подоцна изјави дека не знаела што се подготвува.
Последен пат заедно беа видени во јавноста на доделувањето на Греми награди во февруари, а оттогаш Кели се појавуваше во јавност само со пријатели или со мајка ѝ


