ФОТО | Кејт и Меган искажаа почит кон кралицата со внимателно избрани модни детали

Фото: Профимедиа - Принтскрин - ЈуТјуб

Ковчегот на кралицата Елизабета Втора вчера пристигна во Бакингемската палата, а нејзините најблиски се собраа да оддадат почит.

По тој повод, секако повторно во центарот на вниманието се најдоа сопругите на принцовите Вилијам и Хари, Кејт Мидлтон и Меган Маркл.

Фото: EPA-EFE

Имено, идната принцеза Кејт искажала почит кон кралицата носејќи бисерни обетки на овој ден, а добро е познато дека кралицата беше љубител на бисерен накит. Накитот од бисери ги претставува аристократските доблести на либералност, величественост и дарежливост.

Фото: Профимедиа

Многумина го поздравија овој гест на Кејт Мидлтон и коментираа дека е јасно дека отсекогаш ја почитувала Елизабета Втора, а притоа и дека искрено жали за неа.

Покрај бисерните обетки Мидлтон носеше и брош од кралската колекција накит, кој беше меѓу омилените на Елизабета.

Фото: Профимедиа

Од друга страна, иако и Меган Маркл на сличен начин и оддаде почит на бабата на нејзиниот сопруг фановите на кралското семејство повторно ја нападнаат Војводката од Сасекс.

Имено, Меган сакајќи да и оддаде почит на кралицата носела бисерни обетки кои биле подарок од Елизабета.

Фото: Профимедиа

Причината зошто потегот на Маркл ги налути луѓето е тоа што таа и кралицата наводно не биле во добри односи.

Познато е дека Меган и Хари се откажаа од своите титули и ја напуштија Велика Британија на почетокот на 2019 година, а моментално живеат во Калифорнија со своите деца.

Фото: EPA-EFE

Тогаш многумина ја обвинија актерката за сè, обвинувајќи ја дека го „одделила Хари од неговото семејство“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот