ФОТО | Камила Алвес му честиташе роденден на сопругот Метју Меконахи со секси фотографија од неговото торзо
Актерот и добитник на Оскар, Метју Меконахи, го прослави својот 56-ти роденден на 4-ти ноември, а по тој повод, неговата сопруга Камила Алвес (42) ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм со емотивна објава.
Препорачано
View this post on Instagram
Поранешната манекенка Камила Алвес сподели црно-бела фотографија од славеникот без маица на социјалните мрежи, со слатка порака: „Да, добар си… добар… добар… Среќен роденден, љубов!“
Продолжувајќи ја објавата, Камила додаде: „Денес те славиме тебе! Но, всушност те славиме секој ден, бидејќи ти си светлината на нашите животи! Ти благодариме што си токму тоа што си!“
Метју Меконахи ја сподели честитката од својата сопруга во своите инстаграм-приказни, со едноставен наслов – „Љубов“.
Метју Меконахи и Камила Алвес се запознаа во 2006 година во клуб во Лос Анџелес, а се венчаа шест години подоцна, во 2012 година. Двојката има три деца заедно – синовите Леви (17) и Ливингстон (12) и ќерката Вида (15).
Актерот неодамна откри интересен детаљ од нивниот брак во интервју за „Фокс њуз диџитал“, тие се одлучија за помал брачен кревет. „Помислив: „Човече, овој проклет кревет со големина „king size“ не е добар за брак“. Се ослободивме од него и купивме кревет со големина „queen size“. Сега спиеме еден до друг, верувајте ми, добро е за бракот“, се пошегува Меконахи.


