ФОТО | Јелена Карлеуша ја обвини Кардашијан дека и го украла дизајнот: „Барем потпиши ме или прашај ме за соработка!“

Фото: Инстаграм

Српската пејачка Јелена Карлеуша на Инстаграм ја повика Ким Кардашијан и ја обвини дека го ископирала нејзиниот стајлинг. Имено, таа тврди дека нејзиниот дизајнер го копирал дизајнот за комбинезонот кој таа сама го смислила, а Ким неодамна објави фотографија со многу сличен комбинезон, само во поинаква боја.

Карлеуша неколку пати ја промени својата порака и на крај ја избриша. Во првата верзија таа ја повика Ким лично.

„Ок, ова едноставно не е фер. Ова е мој личен дизајн. Барем потпиши ме или прашај ме за соработка“, напиша таа и ја означи Ким во објавата.

Набрзо таа го промени текстот и напиша:

„ОК, ќе го обвинам дизајнерот. Но, барем потпиши ме. Да, често лично ја дизајнирам облеката за своите настапи. Многу светски познати фаци и дизајнери буквално го крадат тоа што ќе го креирам без никаква дозвола“, напиша Јелена покрај фотката од себе и Ким во речиси истиот комбинезон, а на својата фотка стави и датум – 15 октомври 2020.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

Инаку Ким својата фотографија ја објави вчера. Истата фотографија на својот Инстаграм ја сподели и дизајнерот Ла Кван Смит на кој во коментарите му пишаа бројни фанови на Карлеуша поради наводната кражба на дизајнот. Во кавгата се вклучија и фановите на дизајнерот тврдејќи дека тој својот дизајн го претставил на ревијата на Вог во септември 2020 година и дека Карлеуша е таа која го украла дизајнот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian)

Карлеуша во меѓувреме додаде коментар во својата објава.

„Тој има нешто слично, но не идентично. Тврди дека го измислил пред пет месеци. Па и јас можам да кажам дека сум го измислила пред три години“, напиша таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот