ФОТО | Јахтата што ја запленија Италијанците ѝ припаѓа на најбогатата Србинка: Која е Сандра Мељниченко?

Фото: Инстаграм/Профимедиа

Италијанската полиција ја заплени суперјахтата на рускиот милијардер Андреј Игоревич Мељниченко, соопшти вчера кабинетот на премиерот, неколку дена откако Мељниченко беше вклучен во списокот на санкции на ЕУ воведени поради руската инвазија на Украина. Суперјахтата долга 143 метри, вредна 530 милиони евра, е запленета во Трст, соопшти владата.

А, кои се сопствениците на суперјахтата А?

Минатото лето и есен, хрватските медиуми постојано беа преплавени со фотографии од луксузната јахта А, која неколку недели беше закотвена во близина на сплитското пристаниште. Мегаломанското пловило е во сопственост на Андреј (50) и Александра Сандра Мељниченко (44), поранешна српска пејачка и манекенка која стана најбогатата Србинка со бракот со рускиот олигарх.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)

Долгогодишната пријателка на Нина Бадриќ (49) и една од најинтригантните луѓе во Србија, Александра е во брак со рускиот милијардер Андреј веќе 17 години. Таа ги полнеше насловните страници, а потоа во 2005 година речиси исчезна од очите на јавноста. Но, деновиве таа повторно е во центарот на вниманието бидејќи нејзиниот сопруг се најде под критики од санкциите поради руската инвазија на Украина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)


Мајката на Александра, Вања Николиќ, поголемиот дел од годината го поминува во Брела, а таа е родена во Башка Вода. Андреј Мељниченко е веројатно деветтиот најбогат Русин, а неговото богатство се проценува на 18 милијарди долари.

 

View this post on Instagram

Неговата сопруга Александра беше позната во 1990-тите како пејачка на бендот „Моделс“. Таа повремено завршува во медиумите кога е уловена како од првите редови седи на ревиите на Модните недели во Париз, Лондон и Милано, а блиска пријателка е со хрватската пејачка Нина Бадриќ.

Јахтата со необичен изглед со заоблени јарболи и труп е меѓу најголемите јахти во светот, а нејзината вредност се проценува на повеќе од 530 милиони долари. Лансирана е во 2015 година. Јахтата е долга речиси 143 метри, има осум палуби, хелиодром и подводна просторија низ која се гледа подводниот свет. Дизајнирана е за 20 гости и 54 членови на екипажот.

Инаку, Нина и Сандра се толку блиски пријателки, што заедно одат на одмори, се забавуваа на Ибица, а ги посетија и Карибите со што Бадриќ се пофали на социјалните мрежи. На првиот одмор со милијардерите Бадриќ помина еден месец, иако планирала да остане две недели.

Тоа било веднаш по разводот од претприемачот Бернард Красниќ, со кој беше во брак шест години, пишува „24сата.хр“

– Се чувствувам како еден месец да бев во најубавиот сон. Сандра и Андреј се исклучителни и едноставни луѓе кои ми го облагородија животот и внесоа многу радост во него. Тие беа најдобрите домаќини што можев да ги посакам. За мене ова патување и деновите што ги поминав со нив во друштво засекогаш ќе останат најубавото патување во мојот живот – изјавила тогаш воодушевената Нина.

Сандра на српската естрада се појави во 1990-тите како дел од групата „Моделс“. Оваа група ја сочинуваа модели кои пееја или се обидуваа да пеат, а се прославија со хитот „Паре, паре, паре“.

Откако групата се распадна, се прошири веста дека Александра се омажила за еден од најбогатите Руси, Андреј Мељниченко. Постојат неколку верзии за нивното запознавање, но ниту една не е потврдена.

– Имаме многу сличен вкус во сите сегменти – од гардероба до ентериер. Една недела пред Андреј да ми го даде свршеничкиот прстен, го погледнав и си помислив: „Би сакала да го имам“. Ниту беше со мене тогаш, ниту му го спомнав тоа, а во цела Москва го избра токму тој прстен. Тоа е едноставно неверојатно – рекла Сандра во една прилика.

Двојката е во брак од 2005 година и имаат две деца. Нивната венчавка траела три дена и наводно чинела три милиони долари. Пејачката Кристина Агилера и Енрике Иглесијас ги забавуваа гостите до раните утрински часови. Сандра се труди својот живот да го држи подалеку од очите на јавноста, па нема ниту социјални мрежи. Познато е дека таа не сака да се појавува во медиумите.

Фото: Профимедиа

Руските медиуми лани пишуваа дека милијардерот Андреј ја изненадил Сандра за 44-тиот роденден со патување во вселената.

Русинот кој поседува скапи недвижнини ширум светот, суперјахти и приватни авиони, за овој роденденски подарок на поранешната „манекенка“ издвоил дури 600.000 долари.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот