Фото: Промо

ФОТО | Изложба на фотографии на Ростислав Прокопјук

Украински психолог, писател, фотограф и сликар Ростислав Прокопјук ќе има изложба на фотографии на 15 неомври (среда) со почеток во 16 часот во изложбениот салон Пиано Центар (НОБ, ул. „Гоце Делчев“ бр.4, Скопје).

Ростислав Прокопјук е роден на 29 јануари 1958, а од 1991 година живее и работи во Чешка.

Прокопјук е чест гостин на чешките и словачките телевизиски програми. Објавил две книги – „Непушењето е едноставно“ и „Живеј го својот живот“. Неговите пациенти се луѓе на кои им треба помош со зависност. Го посетуваат и значајни словачки и чешки личности.

Во 2006 година, тој беше запишан во швајцарската енциклопедија „Who Is Who“ за неговата работа, во 2019 година во чешката книга на рекорди – за чоколадна копија од неговата слика.

Фото: Промо

Своите слики ги изложува во Прага и во странство. Тој го основаше проектот „Благодарам за поддршката на Украина“, од кој имаше две успешни изложби во Скопје. Во август минатата година, во Прага се одржа изложба под покровителство на министерот за внатрешни работи, Вит Ракушан.

Сликите се застапени во збирките на современа и модерна уметност на Националната галерија Прага. Во 2021 Прокопјук повторно е запишан во чешката книга на рекорди, овојпат како личност која им помогнала на најголем број луѓе да се откажат од пушењето.

„Јас ѝ помагам на воената болница во Киев, организирам мали збирки на неопходни работи за неа, исто така ги изложувам, а потоа ги продавам моите слики и со парите и помагам на болницата“, вели за себе Ростислав Прокопјук.

Од почетокот на војната во Украина, Европа е активно вклучена во помагањето на Украина. Затоа, оваа изложба е во знак на благодарност за Северна Македонија за поддршката на Украина.

(Комерцијален текст)

Фото: Промо
Фото: Промо
Фото: Промо
Фото: Промо
Фото: Промо
Фото: Промо
Фото: Промо
Фото: Промо
Фото: Промо
Фото: Промо
Фото: Промо
Фото: Промо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот