ФОТО | Иванка Трамп и принцот Вилијам уловени во длабок разговор на кралската венчавка во Јордан
Во Јордан минатата недела се одржа венчавката на престолонаследникот, принцот Хусеин и неговата партнерка Раџва Алсеиф, а таа церемонија собра големи имиња од кралските семејства од различни делови на светот и истакнати личности од светската политика. Меѓу ВИП гостите, пристигнаа и Иванка Трамп со сопругот Џаред Кушнер, како и британскиот принц Вилијам со сопругата Кејт Мидлтон.
Препорачано
Во еден момент, Иванка и принцот Вилијам биле уловени во длабок разговор.
Ivanka yesterday talking to Prince William at the wedding of the Crown Prince of Jordan. pic.twitter.com/WkBgIwVqAk
— Ron Filipkowski (@RonFilipkowski) June 2, 2023
На фотографиите објавени од „Дејли мејл“, ќерката на поранешаниот американски претседател Доналд Трамп е фотографирана како води приватен разговор со принцот Вилијам, додека Кејт Мидлтон може да се види како оди пред нив.
На венчавката во Јордан, Иванка Трамп носела светлосин елегантен фустан од дизајнерот Алекс Пери, кој го носела и претходно.
Иванка и на својот профил на Инстаграм ги споделила честитките за венчаваката на новопечениот престолонаследник и принцезата од Јордан.
View this post on Instagram
„Честитки до престолонаследникот Ал Хусеин бин Абдула и принцезата Раџва Ал Хусеин за нивната прекрасна венчавка во Јордан. Нека нивните заеднички животи бидат благословени со изобилство на љубов, здравје и среќа“, напиша Иванка на Инстаграм со објавата.
Иванка и Вилијам првпат се сретнаа во 2019 година, кога таа му се придружи на својот татко Доналд Трамп во официјална посета на Англија, а средбата во Јордан ја искористија за пријателски разговор, но не се знае за што разговарале.
Свадбената цеременоја беше настан полн со ѕвезди, меѓу кои и директните противници на таткото на Иванка – првата дама на САД, Џил Бајден пристигна со ќерката Ешли Бајден.
Меѓу ВИП гостите беа и шведската принцеза Викторија, шпанската кралица Софија, внуката на кралицата Елизабета Втора, принцезата Беатрис…
ФОТО | Вилијам и Кејт ќе присуствуваат на свадбата на принцот од Јордан


