ФОТО+ВИДЕО | Венчавка на деценијата: Се ожени престолонаследникот на Јордан, меѓу ВИП гостите принцот Вилијам и Кејт Милдтон

Престолонаследникот на Јордан вчера се ожени со девојка од угледно саудиско семејство на прослава во палатата, на која присуствуваа членови на кралското семејство и други ВИП личности од целиот свет.
На венчавката на престолонаследникот Хусеин (28) и саудиската архитектка Раџва Алсеиф (29) присуствувале ексклузивни гости, меѓу кои, и британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кејт, како и првата дама на САД Џил Бајден, шведската принцеза Викторија, шпанската кралица Софија, внуката на кралицата Елизабета Втора, принцезата Беатрис, пренесе АП. Кејт изгледала прекрасно во прекрасен фустан во боја на пудра и срдечно се поздравила со кралицата и кралот на Јордан.
View this post on Instagram
Принцот Хусеин, како најстар син на кралот Абдула Втори и кралицата Ранија, ја пронашол својата сродна душа во Раџва, која веќе го освоила срцето на кралицата и воспоставила блиски односи со семејството, а сите коментираат дека таа изгледала неверојатно на венчавката.
Ваквите прослави се од големо значење за регионот, бидејќи го нагласуваат континуитетот во арапскаta држава ценета поради нејзината долгогодишна стабилност.
Невестата, која носела елегантен бел фустан, пристигнала во палатата Захран со ролс-ројс фантом 5 од 1968 година, направен за прабабата на принцот престолонаследник.
Престолонаследникот пристигнал претходно во целосна свечена воена униформа со златна сабја.
View this post on Instagram
Семејствата и гостите се собрале во градината на традиционалната муслиманска венчавка позната како „катб ал-кетаб“.
Jordan’s Crown Prince Al Hussein and his bride Rajwa Al Saif exchange rings during the wedding ceremony. #RoyalWedding #CelebratingAlHusseinhttps://t.co/dZg5RIfRNg pic.twitter.com/qXg4QXD813
— Al Arabiya English (@AlArabiya_Eng) June 1, 2023
Се очекува дека бракот би можел да му помогне на сиромашниот со ресурси Јордан да воспостави стратешка врска со соседот богат со нафта Саудиска Арабија.
Толпи луѓе се собрале пред огромните екрани поставени за да ја емитуваат венчавката низ целата земја, многумина вееле знамиња и носеле црвено-бели шалови што ги носеше владеачкото семејство во Јордан, Хашимити.
Во античкиот римски амфитеатар во центарот на главниот град Аман, јорданскиот пејач Хусеин Салман ги забавувал масите со свадбени балади. Театарот со 6.000 седишта бил целосно полн со семејства и деца со насликани зборови „Го славиме Хусеин“ на нивните образи.
Саудиските свадбари и туристи – мажи во бели наметки и жени во светли облеки (абаи) продефилирале низ фоајето на хотелот „Четири годишни времиња“ во Аман.
View this post on Instagram
Хусеин дипломирал на Универзитетот Џорџтаун во САД, се приклучил на армијата и се здобил со одредено глобално признание со обраќањето на Генералното собрание на ОН. Неговата венчавка ја означува следната важна фаза во неговиот живот.
Ова не е само венчавка, туку претставување на новиот крал на Јордан, изјави еден политички аналитичар, додавајќи дека прашањето за престолонаследникот е затворено.
View this post on Instagram
Свадбата може да обезбеди краток момент на релаксација за Јорданците кои минуваат низ тешки економски времиња, вклучително и високата невработеност кај младите и лошата економија.
Кралството го прогласи вчерашниот ден за државен празник, така што луѓето можеа да се соберат по церемонијата и да им мавтаат на колоната возила со младенците и сватовите додека поминувале.
По церемонијата, гостите и младенците се префрлиле во палатата Ал Хусеини, оддалечена околу 30 минути возење, на забавата и државниот банкет. На приемот имало повеќе од 1.700 гости.
View this post on Instagram