ФОТО | Вилијам и Кејт ќе присуствуваат на свадбата на принцот од Јордан

Фото: Instagram/ princeandprincessofwales

Принцот Вилијам заедно со својата сопруга, принцезата Кејт денеска пристигнаа во ненајавена посета на Јордан, по повод венчавката на младиот престолонаследник на Јордан, пишува „Дејли мејл“.

Имено, Вилијам и Кејт им се придружија на мноштвото странски гости кои ќе присуствуваат на кралската свадба на принцот Хусеин (28) и саудиската архитектка Раџва Алсеиф (29).

Тие се забележани во луксузен хотел во Аман пред денешната кралска венчавка во Јордан. Принцот Вилијам се очекуваше да биде таму, но не беше познато дали и неговата сопруга Кејт ќе присуствува. Тие случајно беа снимени како шетаат низ барот на хотел со пет ѕвезди.

Фото: Скриншот/ Инстаграм/ aa_virtualstyle

Инаку, престолонаследникот Хусеин ќе се ожени со својата избраничка Раџва во палатата „Захран“, истото место каде се одржаа свадбите на неговиот татко, кралот Абдула Втори и неговиот покоен дедо.

Меѓу останатите познати гости се и првата дама на САД, Џил Бајден, како и неколку членови на кралските семејства од целиот свет, вклучително и кралот и кралицата на Холандија.

Фото: Instagram/ alhusseinjo

Овој четврток е прогласен за национален празник, проследен со славенички прослави организирани низ цел Јордан, за да им се овозможи на граѓаните да се дел од овој голем настан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот