ФОТО | Инфлуенсерка го покажа целулитот и ги воодушеви другите мајки: Да се ослободиме од несигурноста!

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Сара Никол Лендри доби многу пофалби за својата искрена објава околу ослободувањето од стравовите и несигурностите поврзани за мајчинството. Канадската инфлуенсерка, позната и како „The Birds Papaya“, објави серија необработени фотографии во костим за капење додека со своите мали деца ужива на базен.

„Не би требало да си дозволиме стравовите и несигурноста да не спречат да создаваме спомени со нашите деца, особено кога станува збор за нашите тела. Лесно е да се заборави кога ќе се опуштиме. Тогаш добро живееме. Создаваме значајни спомени. Добро е чувството да се вдомиш во тој момент“, напиша таа.

Лендри им нагласи на жените дека изгледот нема никаква врска со нивната способност да бидат мајки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sarah Nicole Landry (@thebirdspapaya)


„Кога помислувам на сопственото детство и кога помислувам на мајка ми, не се сеќавам на нејзините бутови, на стриите или големината на половината. Се сеќавам само на добрите работи која таа ги правеше за мене. Важно е да се биде тука. Тоа е доволно.”, заклучила таа.

Многу жени ја пофалија за нејзината ранливост и искрен поглед на една од најважните улоги во животот на секоја жена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот