ФОТО | Има 54 години и пет деца: Како денес изгледа поранешната сопруга на Еди Марфи
Никол Мичел Марфи, поранешна манекенка и поранешна сопруга на актерот Еди Марфи, привлекува внимание секогаш кога ќе се појави во јавноста. Таа отсекогаш имала совршена линија, а во последните неколку години изгледа, велат многумина, подобро од кога било. Сепак, манекенката вели дека не секогаш било се така одлично.
View this post on Instagram
„Кога првпат се породив, не ни помислував на тренинзи. Не одев во теретана, бидејќи моето тело воопшто не беше променето“, изјавила во една прилика Никол за xoNecole.com
View this post on Instagram
Таа има пет деца со Еди Марфи, а најстарата од нив, Брија, има 32 години и неодамна се омажи за актерот Мајкл Хавиер. Нејзината мајка ги воодушеви сите присутни со нејзиниот изглед на свадбената прослава. Поранешната манекенка беше совршено стилизирана во макси темно црвена тоалета.
View this post on Instagram
„По мојата втора бременост килограмите се натрупаа и знаев дека морам да почнам да вежбам ако сакам да изгледам добро“, продолжила Никол.
View this post on Instagram
„Одам во теретана пет или шест пати неделно, каде вежбам комбинирани кардио и вежби за сила“, откри таа.
Многу жени имаат разни изговори, но таа нема оправдување.
View this post on Instagram
„Секој може да одвои по еден час дневно за тренинг, нема оправдувања. Може да вежбате и дома“, истакнала поранешната манекенка.
За нејзината одлична линија е заслужна и здравата храна. Таа најмногу јаде храна богата со протеини и растителни влакна, а избегнува слатки и јаглехидрати секогаш кога може да им оддолее.