ФОТО | Игор Стефановски Иџе второпласиран на трката во Шпанија
На последната трка во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC), во Шпанија, македонскиот возач Игор Стефановски го освои второто место. Иџе повторно се најде на пиедестал, трката во Шпанија беше за паметење.
Препорачано
– Изгубено е првото место за 0.8 стоти делови од секунда. Тоа докажува какви се овие трки, неизвесност до самиот крај, борба при секоја кривина за што подобар пласман. И покрај тоа што во првото и третото возење, имав најдобро време и прва позиција од сите натпреварувачи, за жал, во второто возење направив грешка, која не чинеше позиција на пиедесталот. Секако, можам да кажам дека сум исклучително задоволен од трката која помина. Огромен успех за мене и за Македонија е да се биде на еден ваков натпревар со 100 натпреварувачи – вели Стефановски.
Стефановски додава дека е вистински горд што публиката во Шпанија го дочека величествено, како трикратен европски шампион.
– Благодарност до мојот тим, како и тимот на Ферари кои беа со мене во последниве трки. Благодарен сум за нивната пожртвуваност и подготовката на автомобилот за постигнување на овие вистински, извонредни резултати. Со оваа трка и освоените бодови, се позициониравме на првото место во групата 1, и второ место во генералниот пласман од сите натпреварувачи. Со мојата екипа, веќе сме на пат за Македонија, а веќе следната недела не очекува петтата трка од ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC) која ќе се вози во Чешка – изјави Стефановски.
Стефановски се натпреварува со автомобилскиот ѕвер од Ферари 488 B8, специјално дизајниран за овие патеки.



