„Летечкиот“ Македонец Игор Стефановски триумфираше и во Хрватска/фото: facebook.com/IgorIdzeStefanovski

ФОТО: Игор Стефановски е вицепрвак на Европскиот ридски планински шампионат

Македонскиот автомобилист беше најдобар на последната трка во рамките од Европскиот ридски планински шампионат одржана во Бузет, Хрватска.

Иго Стефановски во конечниот ранкинг заврши како второпласиран со 166 поени, зад шампионот Антонино Миљуоло кој освои 177.

На патеката во Бузет нашиот Иџе постави рекорд со вкупно време на двете трки од 5:13,189, и така го остави зад себе ривалот од Италија кој заостана повеќе од три минути.

Во минатото Стефановски учествуваше на Европското првенство на ридски патеки каде двапати победи во 2014 и 2015 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот