ФОТО | Игор Џамбазов се потсети на убавите времиња: „Младоста е преубава, зрелоста носи мудрост“
Нашиот познат актер, шоумен, водител и музичар Игор Џамбазов повторно ги воодушеви своите следбеници на социјалните мрежи. Тој на својот инстаграм-профил сподели ретка фотографија од младоста, на која напиша:
Препорачано
„Убав на тета“, а во описот додаде и песна од легендарниот Арсен Дедиќ – „О, младости“.
Објавата за многу кратко време собра стотици лајкови и коментари, а дел од нив беа: „Најубав!“, „Фраериште!“, „Носталгија“, „Холивуд!“, што уште еднаш потврдува дека Џамбазов останува еден од најомилените јавни личности во Македонија.
View this post on Instagram
Од вртоглава кариера до нов почеток
Игор Џамбазов е актер, музичар, водител и писател, човек со повеќе таленти и богата животна приказна. Роден е во 1963 година во Скопје, во семејството на маестро Александар Џамбазов и актерката Анче Џамбазова, ќерка на легендарниот Петре Прличко.
Својата прва улога ја добива на само шест години во филмот „Македонскиот дел од пеколот“, а подоцна ја толкува и незаборавната улога на Трајче во „Волшебното самарче“. Покрај актерството, Игор уште од младост се занимава и со музика — со бендовите Поп и Хавана бенд создава хитови кои и денес се слушаат.
Неговата кариера опфаќа десетици филмски и театарски улоги, водителство на најпопуларните квизови и емисии во 90-тите, како и бројни музички проекти. По тежок животен период, Џамбазов се врати посилен од кога било, создавајќи ги своите најпознати книги „Тоа сум јас“, „Гол човек“ и „Прирачник за антиалкохоличари“, во кои искрено ја раскажува својата животна приказна и најтешкиот период во животот зависноста од алкохол и комар.
Денес, Игор е симбол на автентичност, духовитост и инспирација, а неговиот уметнички пат останува пример за тоа дека, без оглед на падовите, талентот и харизмата секогаш победуваат.


