ФОТО | Идеален тим на Југославија составен од „Дејли Мејл“: Најмногу Хрвати и Срби, без Македонци

Фото: EPA-EFE/Tolga Bozoglu

Aнглискиот „Дејли Мејл“ одлучи да се позанимава со фудбалот на овие простори, па така состави хипотетички идеален тим од поренашната Југославија.

На хартија Југославија секогаш имала силен тим, но никогаш не освои трофеј. Со сегашните имиња сигурно би биле едни од фаворитите на сите натпреварувања, но во тимот нема место за ниту еден Македонецот.

Екипата е составена во формација 3-4-1-2, а најмногу фудбалери доаѓаат од Србија и Хрватска, по четири, а по еден од Црна Гора, Словенија и БиХ.

За голман е избран Јан Облак, потоа во одбраната се Миленковиќ, Савиќ и Гвардиол. На средината се Душан Тадиќ, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Матео Ковачиќ, Лука Модриќ и Иван Перишиќ, додека местото во нападот го резервираа за Душан Влаховиќ и Един Џеко.

Фото: Дејли Мејл

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот