ФОТО | Град во Вермонт им забрани влез на инфлуенсерите: Се пресоблекувале и уринирале

Фото: Instagram / Profimedia

Откако фотографиите од фармата „Слипи холоу“ го преплавија интернетот, мештаните на градот Помфрет велат дека работите излегле од контрола. Нивниот мир бил нарушен од толпите туристички автобуси, како и инфлуенсери кои ги прескокнувале знаците за забрана за влез, јавно се пресоблекувале за фотографирање и уринирале покрај патот, пишува „Пун куфер“.

Патот кој открива поглед на зелените полиња на кои пасат овци, црвени и портокалови лисја, јаболкници и мали куќички, најчесто го возат автомобили со странски регистарски таблички со туристи кои доаѓаат да му се восхитуваат на овој поглед – и постојано да го фотографираат.

Помфрет, Вермонт Фото: Принтскрин / Инстаграм

Ова бајковито место е градот Помфрет, кој се наоѓа во американската сојузна држава Вермонт. Иако градот живее мирно во поголемиот дел од годината, секоја есен посетителите од целата земја доаѓаат таму за да уживаат во прекрасните бои на пејзажот.

Во исто време, тие без извинување стојат на средината на патот и го блокираат сообраќајот додека не го направат тоа што треба да го направат, односно да се фотографираат за социјалните мрежи.

Помфрет, Вермонт Фото: Принтскрин / Инстаграм

Откако бил нарушен мирот на мештаните од толпите туристички автобуси, како и инфлуенсерите кои постојано се сликаат, тие се пожалиле до локалните власти. Минатата година привремено бил затворен патот во еден правец, но тоа не ги спречи посетителите и понатаму да доаѓаат и да создаваат хаос.

Помфрет, Вермонт Фото: Принтскрин / Инстаграм

Годинава мештаните решиле да соберат пари на платформата за финансирање „Го фанд ми“ („GoFundMe“) и откако собрале повеќе од 15 илјади долари, властите решиле целосно да го затворат патот до имотот на фармата „Слипи холоу“ за време на шпицот на есенските лисја од 23 септември до 15 октомври за сите посетители. Локалните жители конечно ќе здивнат, но инфлуенсерите сега се налутија.

Фото: Henk Meijer / Alamy / Alamy / Profimedia

Повеќето жители на Помфрет нагласија дека не се против туристите, туку едноставно сакаат луѓето да се однесуваат со почит кон нивниот роден град.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот