ФОТО | Го изгуби сопругот пред две години: Сандра Булок видена во јавност за првпат по 11 месеци
Една од најпознатите холивудски актерки на својата генерација, Сандра Булок, пред две години ја изгуби љубовта на својот живот поради тешка болест и од тогаш речиси целосно се повлече од јавноста.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Кратко беше видена во декември минатата година на кошаркарски натпревар на Лос Анџелес Лејкерс, а сега, по цели 11 месеци, повторно ја уловија камерите.
Имено, 61-годишната актерка беше фотографирана во автомобил со својот 15-годишен син Луис, а во скутот ја држеше својата омилена пудлица Сити.
Sandra Bullock breaks cover for first time in almost a year during LA outing with son https://t.co/qBYWpUeYCB pic.twitter.com/yoGek9e9Ps
— Page Six (@PageSix) November 14, 2025
Нејзиниот партнер, Брајан Рендал, со кого беше во врска осум години, три години тајно се бореше со АЛС. За тоа време Сандра несебично се грижеше за него. Почина во август 2023 година, на 57-годишна возраст. Интересно е што токму нејзиниот син Луис, кој го посвои во 2010 година, бил причината поради која го запознала Брајан – го ангажирала како фотограф за роденденската прослава на својот син. Во 2015 година, Булок ја посвои и ќерката Лајла, која денес има 11 години.
Булок последен пат се појави на филм во 2022 година, кога ја играше главната улога заедно со Ченинг Тејтум во „Изгубениот град“. На почетокот на годинава беше најавено дека наскоро ќе се врати на големото платно, и тоа во друштво со нејзиниот добро познат колега Кијану Ривс, со кого пред повеќе од 30 години глумеше во култниот филм „Брзина“ — проект што претставуваше пресвртна точка во нејзината кариера.


