Моника Белучи / Фото: EPA

ФОТО | Гламурозната Моника Белучи блесна посилно и од дијамантите што ги носеше на црвениот тепих на БАФТА

Италијанската дива Моника Белучи, 61, повторно покажа како се носи вистински гламур на црвениот тепих. За овогодинашните награди БАФТА, таа избра луксузен ѓердан од колекцијата накит на „Картие“, украсен со дијаманти и асиметрично поставени сафири, кој го комбинираше со драматичен црн фустан со отворени рамена од Стела Мекартни.

Фото: EPA/TOLGA AKMEN

Иако не беше во конкуренција за награда оваа година, Белучи нè потсети само со едно појавување зошто е една од најхаризматичните жени во филмскиот свет – и зошто накитот на неа изгледа како да е направен по мерка за нејзината личност.

Актерката е долгогодишно лице на куќата „Картие“ и често нагласува дека накитот е многу повеќе од спектакуларен моден додаток за неа, за неа тоа е емоција, сеќавање и дел од нејзиниот идентитет. Како тинејџерка, гледајќи ги нејзината мајка и баба како се подготвуваат и како последен детаљ, ставаат накит пред да излезат, таа научила дека едно парче накит може целосно да го промени однесувањето на жената и начинот на кој таа ја носи својата женственост.

Фото: EPA/TOLGA AKMEN

Не е случајно што Белучи е единствената жена, покрај легендарната актерка Марија Феликс, која го носеше познатиот крокодилски ѓердан од „Картие“ на црвениот тепих, а во 2019 година, таа исто така прошета во посебна реинтерпретација на тој дизајн, украсен со дијаманти и смарагди, во Кан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот