ФОТО: Фудбалерите пред настапот на ЕП ќе се подготвуваат на новиот стадион на Стеауа

Фудбалската репрезентација на Македонија која во јуни годинава за прв пат ќе настапи на Европското првенство, завршните подготовки за дуелите со Австрија и Украина ќе има на новиот стадион на славниот романски тим Стеауа Букурешт.
Славниот романски тим кој сега игра во третата романска лига во април годинава ќе добие нов модерен стадион чија изградба чинеше 95 милиони евра.

– Македонија потпиша договор за користење на новиот стадион на Стеауа“, изјави легендарниот романски фудбалер и координатор на ЕП, Георге Попеску. 

Репрезентацијата на Македонија првите два натревари од ЕП ќе ги игра во Букурешт на Националната арена која има капацитет од 55.000 седишта но поради пандемијата на коронавирусот, УЕФА засега размислува трибините да бидат исполнети само со 30 рпценти од капацитетите.

Дебитантскиот настап на ЕП, Македонија ќе го има на 13. јуни против Австрија, а четири дена подоцна ќе играме против Украина. Последниот натпревар од групната фаза, Македонија ќе го игра на 21. јуни во Австердам против Холандија.

Романски третолигаш доби нов стадион вреден 100 милиони евра (ФОТО)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот