Романски третолигаш доби нов стадион вреден 100 милиони евра (ФОТО)

фото: Твитер

Стеауа е најпознатиот и најтрофејниот тим во романскиот фудбал, кој поради финансиски проблеми сега игра во третата лига.

До 2018 година Стеауа доминираше во романскиот шампионат, но тогаш државата, односно романската армија го доби судскиот спор со тогашниот претседател на Стеауа, Џиџи Бекали кој сакаше да ја присвои историјата на фудбалскиот клуб.

Имено, Бекали сакаше да ги присвои историјата, односно трофеите, името и грбот, но не успеа бидејќи судот донесе одлука во корист на Армијата која ја основа Стеауа и ги задржа правата на името, историјата, амблемите и грбот.

Бекали тогаш ја формира екипата на ФЦСБ која игра во романската прва лига каде моментно се лидери, додека вистинската Стеауа поради финансиски проблеми се натпреварува во третата лига, а играчкиот кадар го сочинуваат аматери.


Со помош на романската армија и на неколку спонзори, се прават напори Стеауа повторно да биде силен и стабилен тим, а првиот чекор во тој проект е нов и модерен стадион.

Стеауа неодамна доби нов модерен стадион чија изградба чинеше 100 милиони евра, а наредниот месец че се одигра и првиот натпревар.
Капацитетот на стадионот е 31.000 седиште, а е изграден и клупски музеј каде бидат изложени сите трофеи кои ги освои Стеауа во минатото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот