ФОТО: Финале за македонскиот кајак-спуст, одлични резултати во Италија

На натпреварите кои се одржаа на 23 и 24 јули од 1. коло на Европскиот Куп на реката Ноче во Мецана, Италија македонската репрезентација забележа одлични резултати во Спринт натпреварот со пласман на Александар Златаров на седмото место и Љубомир Спасиќ на 11 место во финалето, Енис Небиовски заврши на 21 позиција.

Забележителен е и настапот во тимското возење со пласманот на четвртото место. На настапите на Класик натпреварот на 4км. најдобро пласиран од македонскиот состав беше Небиовски на 17 место, веднаш зад него на 18 место Спасиќ и 20 место за Златаров.

Во тимскиот настап се пласираа на четвртото место со што го завршија настапот на 1. коло од Европскиот Куп.

Истиот состав на македонската репрезентација во спуст заминува во Шпанија каде ќе настапи на Европско првенство за сениори.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот