ФОТО | Кој е милијардерот кој ја освои Ема Вотсон? Актерката и Гонзало „уловени“ како се бакнуваат на аеродром
Славната актерка Ема Вотсон беше фотографирана како се бакнува со милијардерот Гонзало Хевија Бајлерес. Тие биле забележани во средата на аеродром.
Препорачано
И покрај љубопитните погледи од околината, тие си разменувале нежности, а малку подоцна заминале на романтична вечера во луксузен ресторан. И двајцата биле облечени лежерно, а познатата актерка носела и капа, која сепак не ѝ помогнала да се скрие од обожавателите.
Emma Watson Kisses Billionaire Mexican Entrepreneur Gonzalo Hevia Baillères in New Photos pic.twitter.com/M4Gh6QnHbv
— BLACK BULL (@blackbullrace) March 5, 2026
Парот првпат бил виден заедно во Куршевел, на француските Алпи, кон крајот на 2025 година. Набрзо потоа биле фотографирани и во Пунта Мита, живописен полуостров северно од Пуерто Ваљарта на мексиканскиот пацифички брег.
Бајлерес е член на познато мексиканско бизнис семејство и е поврзан со конгломератот „Групо Бал“, кој го основал Алберто Бајлерес, пренесува „Космополитан“. Бизнис-империјата на неговото семејство е поврзана со рударство, осигурување, малопродажба и финансии, вклучувајќи го и синџирот стоковни куќи „Ел Паласио де Јиеро“.
Гонзало се школувал во швајцарскиот интернат Ле Розе, како и во училиштето „Рансом Еверглејдс“ во Мајами, а потоа образованието го продолжил во Мексико – на универзитетот Виста Ермоса и институтот Кумбрес. Дипломирал економија на приватен универзитет. Во моментов е извршен директор на компанијата „Лок“, која се занимава со вештачка интелигенција.
Пред да почнат да ја поврзуваат со Бајлерес,Вотсон беше поврзувана со неколку мажи, но таа ретко зборува за својот приватен живот. Минатата година, за време на гостување во поткастот „On Purpose“, даде редок коментар за својот љубовен живот.
Тогаш изјави дека повеќе сака да излегува со луѓе кои не се премногу запознаени со нејзината актерска кариера, но додаде дека сака нејзиниот иден партнер „да го цени нејзиниот труд и работа“.


