ФОТО | Емотивно сеќавање на „Мањифико“: Тања Кочовска сподели вреден спомен
Тања Кочовска ги разнежи своите пријатели и следбеници на социјалните мрежи. Таа на својот Фејсбук профил сподели ретро црно-бела фотографија на која се прикажани нејзините родители во нивните помлади денови.
На фотографијата се гледаат легендарните музички уметници – нејзиниот татко, познатиот пејач Панче Кочовски и нејзината мајка Невена, легендарната пејачка на „Мањифико“ зрачејќи со безвременска елеганција и препознатлив стил од минатиот век.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Инаку, во чест на Невена Кочовска, легендарната пејачка на ансамблот „Мањифико“, нејзиниот сопруг Панче Кочовски и ќерките Лидија и Тања низ солзи ја испеаја нивната семејна химна „Мама Хуанита“, на изложбата по повод 65 години од основањето на ансамблот, која се одржа во ноември во 2024 година.

„Оваа песна ја пеевме со нашата мајка, таа е нашата семејна химна. Поради тоа што Невена не е со нас, во нејзина чест ќе ја отпееме, ‘Мама Хуанита‘, дел од композицијата“, рече Тања Кочовска.
Невена Кочовска почина на 25 август во 2022, на 81 година, по долга борба со Алцхајмерова болест. Кочовска до самиот крај не ги заборави стиховите на песните на шпански јазик кои ги пела со „Мањифико“.
Ансамблот ‘Мањифико’ е формиран во август во 1959 година и својата кариера ја завршува на 22 јуни во 1990. Членовите на овој музички состав уште на самиот почеток со интерпретација на повеќе жанрови и стилови го почуствувале интернационализмот и глобализацијата на мучката уметност. Сепак се определиле за латиноамериканската музиика и за италијанска шансона. Во 31-годишната музичка одисеја, музицираа десет постојани и двајца повремени музички уметници. Ги имаат гледано преку 8 милиони луѓе.


