ФОТО | Едина Муса го прослави 34. роденден: Објави фотографија со синчето и тортата и се заблагодари за роденденските честитки
Поранешната македонска кошаркарка Едина Муса синоќа го прослави својот 34. роденден. Таа доби голем број роденденски честитки од најблиските, кои ги сподели на социјалните мрежи.
Препорачано
По тој повод, Едина одлучи јавно да им се заблагодари на сите за убавите желби и објави фотографија со синчето Максим и роденденската торта.
На фотографија таа го бакнува 5-месечното бебе, покрај тортата со кошаркарски топки и бројот 10, кој го носеше на нејзиниот дрес додека се натпреваруваше.

„Ви благодарам на сите што одвоивте време да ми го честитате роденденот. Како поминуваат годините, сè повеќе ми значи. Ви посакувам сè што ми посакавте, дупло да ви се врати. Живи и здрави сите“ – напиша таа.
Да потсетиме, Една Муса и Александар Димитровски – Мачка стапија во брак во ноември минатата година, а нивното синче се роди во февруари оваа година. Ова е прво дете за Едина, а Александар од претходниот брак со пејачката Тамара Тодевска има уште две деца. Пред два месеци Александар го прослави својот 45. роденден, а Едина тогаш објави слатка фотографија од таткото и синот покрај роденденската торта.


