ФОТО | „Еден погрешен потег и толку од Лајонел Ричи“: Костумот на Машин Ган Кели на АМА

Фото: Profimedia

Американскиот рапер, пејач и глумец Ричард Колсон Бејкер попознат по неговот сценско име како Машин Ган Кели ги привлече погледите на присутните со неговиот моден избор на доделување на Американските музички награди (American Music Awards или скратено AMA)

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Познатиот рапер на доделувањето на наградите беше стилизиран во виолетов костим со огромни боцки. Необичниот моден избор на Машин Ган Кели стана топ тема на социјалните мрежи.

Фото: Профимедиа

Дел од Твитерџиите се пошегуваа дека раперот со својот изглед наликува на перниче за игли за шиење, а некои го нарекоа и морски еж.


Пејачот се закити со наградата за најдобар рок уметник, а во говорот го прокоментира неговиот необичен стајлинг, истакнувајќи дека одењето во тоалет е вистински предизвик.

Додека траеше доделувањето, музичарот седеше до Лајонел Ричи, а на Твитер осамнаа многу шеги за оваа ситуација.

„Еден погрешен потег и толку од Лајонел Ричи“.

Лајонел Ричи кој е 17-кратен победник на „АМА“, беше почестен со наградата Икона (Icon Award) за неговиот придонес во кариерата во музичката индустрија. Чарли ПутСтиви Вондер и други уметници искажаа срдечна почит за придонесот на Ричи.

Избрани победниците на „АМА“: Тејлор Свифт е најодликуваниот уметник со 40 победи во кариерата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот